Насловна / Вести / „Ретроактивна инфраструктура“ за линеарен парк во Мексико

„Ретроактивна инфраструктура“ за линеарен парк во Мексико

Архитектонското биро Taller Capital проектирале линеарен парк во Мексико Сити кој вклучува пешачка патека и е изведен со материјали оптимизирани за задржување на водата и ублажување на прашината.

Наречен булевар Héroes de Tecamac, проектот е лоциран во урбана област северно од Мексико Сити.

2

Во рамки на проектот реновирани се 2,1 километар од празната средина што минува низ градот, поминувајќи низ комплекс со социјални станови.

Широка 20 метри, структурата овозможува едноставна употреба за пешаци и има области за рекреација распоредени по цела должина што ги користи локалната заедница, а бирото проценува дека ќе опслужува повеќе од 20.000 луѓе кои живеат покрај неа.

1

Според Taller Capital, булеварот е изграден во раните 2000-ти за да се олесни растот на населението, но средниот дел останал раскопан и незавршен. Ископаниот материјали од коловозот останал таму, создавајќи мали бури од прашина.

3

„Работи како ретроактивна инфраструктура: тоа е уред за контролирање на бурите од прашина, за апсорбирање на дождовницата, за олеснување на немоторизираната мобилност за поврзување со станицата Мексибус и место за релаксација и рекреативни објекти во соседството“, велат од бирото.

Тaller Capital биле ангажирани од Министерството за земјоделство, територија и урбан развој да создадат простори за рекреација, но архитектите препознале дека проектот дава можност да се подобри инфраструктурата на областа, која имала многу малку пешачки коридори.

4

„Добивме задача да проектираме јавни рекреативни и спортски објекти долж средната лента“, изјавија од бирото за Dezeen.

„Меѓутоа, сфативме дека не може да остане само на тоа, туку главно треба да делува како инфраструктура, како во поглед на мобилноста на пешаците, така и во однос на контролата на прашината. Успеавме да ги редизајнираме сообраќајните ленти на ниво на терен, да ги прошириме тротоарите, да одредиме посебни области за паркирање и да овозможиме две ленти за автомобили на секоја страна“.

5

За да се осигура безбедноста на пешаците, структурата е подигната, потег што исто така овозможил почвени услови неопходни за засадување на низа дрвја за сенка.

Бирото вклучило и вулкански чакал долж височината за да се овозможи апсорпција на водата и да се контролира прашината. Исто така, истакнуваат дека конзистентноста на чакалот значи дека ќе биде потребно многу малку одржување во текот на животниот циклус на булеварот.

6

Рутата, исто така, ја поврзува заедницата со транспортен центар на северниот крај.

Отворен во 2021 година, паркот веќе уживаше во употребата, а во областа имаше голем број саеми и концерти кои ја надминуваат неговата изворна програма.

„Доколку местото продолжи да служи на целта што покажа дека ја задоволува, можеме да претпоставиме дека во иднина ќе стане поживо и покористено, бидејќи дрвјата ќе пораснат и ќе се обезбеди сенка во текот на денот“, велат архитектите.

Булеварот Héroes de Tecamac влезе во потесниот избор во категоријата проекти за мешана употреба на наградите Dezeen за 2023 година.

7 8

Испрати коментар

Scroll To Top