Насловна / Вести / Ретки елементи: Тешко достапното богатство на Украина

Ретки елементи: Тешко достапното богатство на Украина

Украинското тло содржи речиси 5% од светските минерални ресурси, кои американскиот претседател Доналд Трамп сака да ги обезбеди за својата држава, но овој потенцијал не може да биде целосно искористен, велат стручњаците. Украина е на 40-тото место меѓу државите производители на минерали, покажуваат податоците за 2024 година. Исто така, таа држава била десета по моќност производител на железо во светот во 2022 година. Геолозите, вклучувајќи ја и Француската канцеларија за геолошки и рударски истражувања (BRGM), пронашле над 100 ресурси, меѓу кои манган и ураниум, се вели во студијата за Украина објавена во 2023 година.

Државите може да ги окарактеризираат минералите како критични или стратешки за нивната економија или производство на енергија. САД означуваат околу 50 минерали како такви, а ЕУ 30. Европската Комисија смета дека „Украина е значаен светски добавувач на титаниум и потенцијален извор на над 20 критични суровини“. Таа источноевропска држава е значаен производител на манган (осми по големина светски производител), титаниум (11-то место), како и на графит (14-то место), кој е значаен за електричните батерии. Кога се зборува за графитот, Украина поседува „20% од потенцијалните светски ресурси“, истакнува BRGM. Земјата е исто така „една од водечките европски држави во поглед на потенцијалот за литиум“.

Ретките земни елементи (rare earth elements, REE) се многу специфична класификација на 17 метали во склоп на пошироката категорија на критични минерали. Трамп посебно истакна дека ги сака ретките метали и бараше договор за добивање на минералите во замена за американската помош за Украина во војната со Русија.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top