Насловна / Архитектура / Ресторанот Steirereck во Виена, чувство дека се седи и надвор и внатре

Ресторанот Steirereck во Виена, чувство дека се седи и надвор и внатре

Steirereck во Виена е еден од најдобрите ресторани во светот. Потребата за повеќе внатрешен простор и се повеќе барања што се поставуваат пред овој сектор значеле дека е неопходна сеопфатна реформулација, и покрај тоа што реновирањето било завршено само неколку години порано.

2_resize

Во 2012 година бил распишан повикан конкурс кој имал за цел да се најде решение. Високите очекувања на клиентите, семејството Reitbauer, ги откриваат контрастните зборови кои требало да го опишат проектот. Овие зборови вклучувале: „едноставно и елегантно, безвременски и иновативно“.

1_resize

Архитектите од австриското проектантско биро PPAG architects, автори на проектот, за подобро да ја совладаат зададената задача направиле истражување на темата храна од перспектива и на персоналот и на клиентите вовлекувајќи се во различни улоги. Дошле до сознание дека класичниот простор за јадење во суштина е контејнер кој потоа се полни со маси, а нивниот предлог ја дал врската што недостасува.

PPAG165; PPAG architects

PPAG165; PPAG architects

Она што предходно било тераса што води до детско игралиште, сега е систем од павилјони, кои се разгрануваат, како прсти, од прецизниот распоред на масите. Секоја маса е поставена на работ кон фасадата и нуди разновидни визуелни врски како со надворешната така и со другите маси.

Павилјоните се изградени од поединечни компоненти направени од индустриско дрво, обезбедувајќи ги масите со заштитна подлога, дом за навечер.

21_resize

Близината до паркот била од особена важност за клиентите. Големите електрични прозорци и благо рефлектирачката метална фасада, која изгледа како обложена со роса, создаваат чувство на визуелна блискост, обезбедувајќи им на гостите највисоко ниво на акустичен и топлотен комфор, додека истовремено им даваат чувство дека седат надвор, а сепак и дома. Павилјоните водат до дворови на исто ниво, кои се поврзани со паркот преку скали за седење, што сигнализираат вклопеност, а во исто време и гранчна линија. Еден од доловите води до влезот, а на кровот е сместена градина со зачински растенија.

Мимичната архитектура на павилјоните создава врска со лесната архитектура која често се среќава во парковите.

PPAG165; PPAG architects

PPAG165; PPAG architects

20_resize

Постоечкиот простор за јадење претрпел целосна промена. Заоблените, делумно ротирачки метални панели го внесуваат материјалот од фасадите во внатрешниот простор, создавајќи по потреба простории со различни пропорции и големини. Плафонот лебди над главите на гостите како хоризонтална контурна карта на планини и долини правејќи прозорските надвратниците да исчезнуваат, без напор преговарајќи за различните позиции и висини на ротирачките елементи. Онаму каде што структурата дозволува, вметнати се елементи без рамка, направени целосно од стакло. Комбинацијата на нови и постоечки елементи овозможува просторот да изгледа истовремено стар и нов.

PPAG165; PPAG architects

23_resize

Средниот дел ги поврзува различните области и нивоа. Алгоритамската шема на плочки, која во ниту еден момент не е идентична, го потсетува посетителот на кујна, давајќи им на гостите чувство дека и тие се вклучени во работата на ресторанот. Патеката е обележана со ормани што ги користи персоналот и содржат интересни предмети, кои заедно со повремено предвидени места за седење, ги поттикнуваат гостите да застанат и таму да поминуваат време.

PPAG165; PPAG architects

 

PPAG165; PPAG architects

Поминувајќи покрај орманите за семиња и сирење, патеката во подрумот води до тоалетите, каде што се открива сосема нов свет. Кристалната форма произлегува од позиционирањето на тоалетните школки и мијалниците и е визуелно збунувачки со контрадикторни геометриски слики.

PPAG165; PPAG architects

Под павилјоните има простран кујнски продолжеток во кој се наоѓаат мијалници, простор за миење садови, простор за подготовка на храна, слаткарница, простор за перење, лабораториска кујна и простор за дружење, кои се светли и покрај нивната локација.

PPAG165; PPAG architects

Во текот на процесот креирани се многу експериментални елементи, како во однос на конструкцијата, така и во однос на орманите: масите и печката во просторот за пушење со комори со различна температура видливи преку стаклени меурчиња, големата рецепција во влезниот простор изработена од специјална мешавина од дрво и синтетички материјал, клупата за чанти која по потреба може да формира и параван итн. Во овие елементи архитектите комбинираат природни и високотехнолошки материјали како и нов и постоечки мебел. На разни места може да се видат и слики од реновирањето во 2004 година.

PPAG165; PPAG architects

Проектирањето и изградбата траеле две години, а за тоа време реализиран е проект кој комбинира многу различни области со проширување за да создаде целосно нова зграда. Голем дел од градежните работи се одвивале додека ресторанот сè уште бил отворен, создавајќи дополнителен предизвик за сите вклучени. За време на изградба, до зградата се пристапувало одозгора, давајќи им на гостите поглед на градилиштето.

Резултатот е нешто ново, но пријатно, нешто што се претопува со позадина, но во исто време е силен архитектонски израз.

PPAG165; PPAG architects

22_resize 17_resize 19_resize 15_resize 16_resize 18_resize

Испрати коментар

Scroll To Top