Насловна / Вести / Ресторанот Мауа во Москва мост помеѓу времето и просторот

Ресторанот Мауа во Москва мост помеѓу времето и просторот

Неодамна во Москва е отворен нов ресторан на Lacky Group, Maya.

Концептот на местото се заснова на фасцинација од примитивните култури, а главните техники на готвење – отворен оган, пареа и пушење – потсетуваат на оние што ги користел човекот пред илјадници години.

8_resize

Ентериерот е дизајниран од архитектонското биро NB-Studio на архитектот Наталија Белоногова. Дизајнот е инспириран од уметноста и културата на домородните народи на Африка, додека атмосферата на ресторанот оддишува со вековно минато и естетиката на ужарена савана, искапена од сонце. Во ентериерот се користени предмети за домаќинството, текстил, камења.

9_resize

Ресторанот со 140 места за седење има главна сала, соба за вино, два бара и место за десерти на отворено. Гастрономскиот концепт се заснова на готвење на отворен оган, пушење, односно најстари кулинарски техники.

1_resize

Грозјето кое преку ноќ се остава да виси над врел јаглен се служи овде со страчела и лимон, а ракчињата се печат на скара со парен рузмарин и гранчиња од смрека.

16_resize

Теракота, ѕидни слики и сушени растенија помагаат да се пренесе африканскиот вкус, додека во просторот нема остри линии, а многу детали се создадени рачно специјално за проектот. Главните извори на инспирација биле изложбата на Етнографскиот музеј на кејот Бранли во Париз, делото на американскиот уметник Роберт Матервел, делото на дизајнерот Рик Овенс и неговата муза Мишел Лами. Така, на пример, софите потсетуваат на легендарните обемни црни јакни на Овенс со многу набори.

21_resize

Сите детали се дизајнирани да го подобрат впечатокот при внесувањето во друга култура. Вазните кои ги красат салите дел се донесени од Јужна Америка, дел направени по нарачка од руски керамичари, држачите за салфетки се направени од вулкански камен, а за сервирање се користени акрилни подметачи во облик на издолжени заби на животни. Контрастните нијанси на црна и теракота го исполнуваат целиот простор од подот до плафонот, помагајќи да се создаде единствено расположение во ентериерот што изградил мост помеѓу времето и просторот.

7_resize

13_resize

20_resize

14_resize

15_resize

17_resize

19_resize

10_resize

18_resize

22_resize

11_resize

12_resize

Испрати коментар

Scroll To Top