Бетонските маси и осветлувањето коешто ја менува својата сила во зависност од периодот на денот, се елементи во ентериерот на новиот „Мек“ во Хонг Конг, којшто можеби ги најавува промените во ентериерот на овој познат ланец на брза храна.
Навикнати сме ентериерите на „Мекдоналдс“ да делуваат топло и комформистички, но, според новиот ресторан во Хонг Конг, може да дојде до голем пресврт. Новиот ресторан во Хонг Конг, чиј проект на ребрендирање е потпишан од консултантската агенција Landini Associates, е повеќе во индустриски стил којшто ќе им се допадне на хипстерите.
Што е веднаш забележливо се масивните бетонски маси, кои се поврзани со црни дрвени столици поставени по должината на ѕидовите обработени со декоративна техника која ја имитира структурата на бетонски плочи. Покрај бетонот, од материјалите се појавуваат уште и цинкот и дабовото дрво, пишува Dezeen.
Просторот делува потемно од она што сме навикнати во рестораните на „Мекдоналдс“. За тоа е „задолжено“ силината на осветлувањето: навечер светлата се позатемнети, а дење посветли.
Новиот ресторан, исто така, е ослободен од препознатливите графички решенија. Новите графики се посмирени, поедноставни и покласични.
Големата новина е дека кујната е целосно отворена за погледите. Порано, можевме само да претпоставиме што се случува во кујнскиот дел, а сега бургерите ќе бидат подготвувани пред вашите очи… односно, зад црвен плексиглас.
Салатите, десертите и пијалоците сега се изложени во стаклени витрини за да клиентите имаат подобар преглед за она што се купува.
Ваквите ентериерски решенија ќе се применуваат за почеток во Австралија, Кина и Сингапур.