Ресторанот „Mr. Wong“ е еден од претставниците на кул гастро сцената во австралиската метропола и омилена дестинација за многу познати ѕвезди од светот на шоу бизнисот, кои со задоволство доаѓаат тука на вечера кога се во Сиднеј. Тајната на овој ресторан е во совршената комбинација на традицијата и современиот поглед на светот. Идеално место за брз дневен ручек или елегантна вечера со призвук на дваесеттите години на минатиот век.
Идеја во уредувањето на ентериерот бил колонијалниот Хонг Конг пред револуцијата. Безвременски детали како што се дрвениот под, „француски“ столици од бамбус и тавански вентилатори кои во филмовите секогаш полека се вртат, се мала посвета на класичните кинески влијанија и вешто спакувани во модерна кулинарска дестинација. Старата индустриска хала со ѕид од тули и високи тавани е совршен дом на кинеската традиција.
Со своите 240 седечки места, ресторанот Mr. Wong спаѓа во еден од големите ресторани кои со своето оригинално мени може да ги задоволи сите љубители на азиската кујна, и тоа со избор на повеќе од 60 јадења.