Насловна / Архитектура / Ресторан во Мексико, конзолно поставен на височина од 246 метри

Ресторан во Мексико, конзолно поставен на височина од 246 метри

Koper Kanjon koktel bar - Meksiko

Архитектонското студио Tall Arquitectos е автор на проектот Biré Bitori (Плато), кој уште се нарекува Copper Canyon Cocktail Bar. Се работи за ресторан лоциран во импресивен амбиент, во планинскиот предел Сиера Мадре на североисточно Мексико. Објектот е конзолно прицврстен за планината, но со останатите свои страни буквално ледби во празниот простор, односно над кањонот и тоа на дури 246 метри височина.

Koper kanjon koktel bar - Meksiko2

Ресторанот се состои од две нивоа. На првото ниво е ресторанот, со под кој е изработен од стакло, со што уште повеќе се надополнува впечатокот од екстремната височина на која е лоциран објектот.

Koper Kanjon koktel bar - Meksiko1

На второто ниво има прекрасна тераса со неверојатен поглед  кон кањонот и кон ѕвездите, како и базен.  Ресторанот ќе нуди мени со локални продукти, а мебелот е дизајниран од локални уметници.

Koper kanjon koktel bar - Meksiko3

Сепак, најважниот услов кој треба да го исполнувате за да уживате во ова место (освен да имате пари, се разбира), е да не се плашите од височина.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top