Golluci International Design го создаваат овој креативен ентериер, изведен од природни материјали и природната комбинација на бои, како зелената и кафеавата, кои навестуваат природен амбиент, во ресторанот за тестенини Mr Lee Noodle House Restaurant во Пекинг, Кина.
Ова е еден од синџирот ресторани на брендот Mr Lee Noodle House, кој е распространет со 500 ресторани низ Кина. Дизајнерот се обидува преку овој нов ресторан да ја пренесе приказната на Mr Lee кој пред 60 години се преселува од Кина во Тајван, за потоа да оди во САД и да се врати конечно повторно во Кина.
Проектот е олицетворение на таа животна приказна. Просторот е рапсореден во неколку сегменти: американски бургер-бар, декоративни површини полни со зборови од кинескиот речник, и други некои детали кои потсетуваат на одредените краишта, така што сопственикот и дизајнерот очекуваат дека посетителите ќе имаат убави различни искуства на конзумирање храна.