Најпопуларниот Британски музеј неодамна доби нова оаза за одмор и квалитетно јадење – ресторанот Great Court. Ресторанот се наоѓа во самиот центар на Британскиот музеј. Архитектонското студио Softroom го реновирал постојниот ресторан за да се направи простор попријатен за сите посетители на музејот. Во 2002 година, Норман Фостер внатрешниот двор го покрил со стаклена купола, а ресторанот сега на одличен начин ги користи предностите на природна светлина што влегува во просторот.
Дизајнерите биле инспирирани од традиционалните бои на музејската книжарница, и истите бои ги искористиле во уредувањето: сината боја за основните елементи, дрво и специјално дизајнирани столици.
Ресторанот Great Court нуди мени од западната и источната кујна, но секако може да се ужива и во традиционалниот англиски чај со цело мени на сендвичи, колачи и бисквити, и богат избор на чаеви. Музејот го промовира својот нов ресторан со специјален пакет: билети за изложба во комбинација со ручек или пиење чај. Популарноста на ресторанот е толку голема што треба да се резервира маса однапред, ако се сака да се ужива во понудата.