Основната идеја на дизајнерите на ентериерот за ресторанот Llama, Lars Holme Larsen (Kilo Design) и Jakob Lange (BIG) отсликува креација на отворен простор непосредно поврзан со градското јадро. Ѕидовите и подните површини на внатрешноста се обложени со рачно изработени мексикански цементни плочки, соединувајќи се со иконичниот дизајн под влијание на латиноамериканската култура и данската рафинираност.
Ентериерот на ресторанот се сотои од разновидни основни суплементи како колоритни керамички плочки, црна гарнитура, живописен зелен ѕид и светли дувачки инструменти кои заедно креираат просторна конфигурација која ги поврзува сите разноврсни доживувања низ ресторанот.
Основната инспирација при дизајнирањето на ентериерот претставува креирање на симболична трансформација на просторот, соединувајќи две различни култури со што би се создала интерпретација на традиционален латиноамерикански вернакулар во современ дански јавен простор.
Целокупниот простор е оптимизиран на 180 места за седење, два пати во текот на ноќта. Програмската содржина е организирана во три засебни простори за вечера позиционирани околу централен бар.
Насловна / Ентериери / Ресторан Llama – симболична трансформација на подрумски простории во елитен традиционален јужноамерикански ресторан