Реставрацијата на Ајфеловата кула е завршена, а резултираше со нов стаклен под во еден дел од оваа париска знаменитост. Сега не само што може да се гледа панорамата пред себе, таа се отвора и под нозете на најхрабрите.
Модернизацијата е спроведена на најнискиот кат на кулата, кој е воедно и најширок. Следејќи го примерот на некои познати градби во светот, Ајфеловата кула сега доби проѕирен под по кој туристите можат несметано да шетаат уживајќи во панорамата под себеси и да замислуваат како би било да се лебди во воздухот. Прошетката за најхрабрите се одвива 57 метри над земјата, а со стоењето во неговиот центар се овозможува фасцинантен поглед кон средиштето на челичната конструкција, која не може да се доживее на ист начин со стоење во самото подножје.
Целта на реновирањето била да се направи најнискиот кат попривлечен бидејќи претходно туристите го избегнувале сакајќи веднаш да стигнат до самиот врв. Со ова, вториот и третиот кат на кулата доби конкуренција, со која се растоварува самиот врв, а километарските редови пред Ајфеловата кула со ова треба да бидат намалени.
Реставрацијата чинела 30 милиони долари.