Насловна / Вести / Реставриран најдолгиот автомобил на светот: Има 26 тркала, базен и простор за 75 патници

Реставриран најдолгиот автомобил на светот: Има 26 тркала, базен и простор за 75 патници

На почетокот на овој месец, најдолгиот автомобил на светот го собори рекордот поставен во 1986 година, откако беше реставриран од страна на компанијата ZIM Miami, предводена од Michael Dezer. Автомобилот е долг 30,54 метри, има 26 тркала и сосема доволно простор за 75 патници. Тимот на Dezer го реставрирал автомобилот во период од две години во својот тематски парк под името Dezerland Park, откако преку eBay го купил од Michael Manning, сопственикот на Autoseum, односно музеј.

limo1

limo2

Автомобилот наречен The American Dream, произведен е во Burbank во Калифорнија, а водител на проектот тогаш бил Jay Ohrberg. Првично, вкупната должина на возилото изнесувала 18,28 метри. Како таков, автомобилот држел рекорд за најдолг на светот. Меѓутоа, во текот на реставрацијата тој е продолжен, а вкупните трошоци изнесувале 250.000 долари. Сега автомобилот има  и базен, џакузи, мини голф терен, ТВ, фрижидер, па дури и хелиодром. Исто така, можно е да се вози од двата краја, но најголем проблем е свртувањето. Се најавува и можност за вградување на електричен погон.

limo3

 

Испрати коментар

Scroll To Top