Овој исклучителeн дом во Милано е реновиранa палата од 18 век, и припаѓа на архитектот и дизајнер Винченцо Де Котис и неговата сопруга Клаудија.
Која е главната карактеристика на овој дом? Тоа е јукстапозицијата на богати и сиромашни текстури, мат и сјајни површини, елементи на уникатен стил и минималистички предмети. Архитектот сака да се врати сјајот на овој објект, да го реставрира и да ги нагласи неговите убави делови. Тој открил дрвени фрески и икони скриени под слоеви од тапет, и ги реставрирал вратите според цртежи од тоа време.
Архитектот користел окер, шафран жолта, пепелаво сива, светлорозова и бадем зелена боја, кои се специфични за тоа време.
Спалната соба е украсена со бразилски мермер, додека бронзениот мијалник датира од 19 век. Веднаш до мијалникот е статуа на Нарцис.
Во големата дневна соба се наоѓа месингована бетонска клупа која има тапацирано седиште и свртена е кон дрвената рециклирана масичка за кафе.
Од десната страна се поставени две лиени пластични столици од седумдесеттите години на минатиот век, голем ѕид обложен со затемнето стакло и неонско осветлување, додека на рамката од каминот е монтирана столица креирана од рециклиран алуминиум.
Во холот има метална столица и сребрено месингова маса Vincenzo De Cotis. Антички мермер и бронзен сатир од 19 век се ставени на ова парче мебел. Ѕидот е украсен со уникатно огледало од седумдесеттите години на минатиот век.
Во трпезаријата, покрај сребрениот месинг и масата од смола, има и француски кујнски садови од 18 век. Околу масата е сместен комплет италијански столици од Belle Époque, додека килимот во овој простор е современ кинески елемент кој додава неверојатна мешавина од стилови и епохи.