Насловна / Арт и дизајн / Реставрацијата на Рембрантовата „Ноќна стража“ може да се следи во директен пренос (видео)

Реставрацијата на Рембрантовата „Ноќна стража“ може да се следи во директен пренос (видео)

Амстердамскиот Rijksmuseum ја започна најголемата реставрација на прочуената сликата на Рембрант „Ноќна стража“ и ги повикува заинтересираните да го следат директниот пренос на оваа операција.

rem1
Најголемиот реставраторски потфат во историјата се случува позади стаклен ѕид во почесната галерија на музејот, пред очите на посетителите. Исто така, реставрацијата се пренесува и директно на интерет, како би можеле сите да гледаат.

Наречен „Операција Ноќна стража“, проект кој чини неколку милиони евра е прв од овој вид во историјата. Станува збор за „истражувачка работа и најголема и најкомплетна реставрација во историјата на ремек делото на Рембрант , соопшти музејот.

rem2
Холандскиот сликар Рембрант Ван Ријн (1606 -1669) во 1642. година примил нарачка од капетанот на амстердамската градска стража Франс Банинк Кок да ги наслика припадниците на стражата.
Сликата е висока 3,8 метри, долга 4,5 метри и тешка 337 килограми, а последен пат е реставрирана пред повеќе од 40 години, по нападот во 1975. година кога е исечена со нож. По таа случка, експертите забележале дека на некои делови на сликата се губи бојата, особено околу местото оштетено со ножот. Сликаѕа е исечена со нож и во 1911. година и испрскана со хемикалии 1990., но и во двата случаи дошло до мали оштетувања, кои релативно лесно се поправиле.
„Последниве години забележавме како на долниот дел на сликата се појавува бел сјај. Сакаме да откриеме за што се работи и што подобро да ја реставрираме сликата“, објасни директорот на музејот Тако Дибитс, кога во октомври ја најави реставрацијата.

rem3
Сликата е позната по своето драматично осветлување и движење. Експертите во Rijksmuseum се загрижени дека токму во поглед на осветлувањето може да дојде до драматични промени кај ова ремек дело, укажувајќи на примерот на осветлување на малото бело куче кое се гледа на сликата.
Управата на музејот нагласува дека се вложени повеќе милиони евра во истаражувањето и проектот за реставрација за што подобро да се утврди состојбата на сликата.
„Беше неопхода детална студија која опфаќа истражување на сликарската техника, фотографии со висока резолуција и напредна компјутерска анализа за да се подготви што попрецизен план на работа. Благодарение на овие методи успеавме да направиме мошне детална анализа на сликата, не само на насликаната површина, туку на секој слој поединечно, од лакот до платното“, нагласуваат од музејот.
Генералниот директор на Rijksmuseum, Тако Дибитс, вели дека одлучиле јавноста да го следи проектот „Операција Ноќна стража“, бидејќи сликата припаѓа на сите.

Испрати коментар

Scroll To Top