Насловна / Вести / Реставрација и реконструкција на театарот во Стоби

Реставрација и реконструкција на театарот во Стоби

stobi

Заврши втората фаза од проектот за конзервација, реставрација и реконструкција на источната половина од гледалиштето на римскиот театар на локалитетот Стоби, кај Градско.

Реконструкцијата на сводовите е изведена со употреба на автентични материјали, како што е локалниот песочник откриен при истражувањата, и нов малтер врз база на вар. Во изминатиот период беа реконструирани вкупно 12 од 18-те оригинални редови на театарот, а целосното завршување на проектот се очекува во текот на 2015 година.

– Паралелно со конзервацијата се одвиваа и археолошки ископувања со што беа добиени значајни податоци за изградбата на објектот, за неговото функционирање во текот на 1 и 3 век, како и за подоцнежното користење на просторот откако театарот не бил во употреба. Театарот престанал да функционира кон крајот на 4 век, по што започнало користењето на неговите ѕидови и коридори во рамките на новите доцноантички градби кои биле подигнати на овој простор, се вели во соопштението од Министерството за култура.

stobi (2)

 Театарот во Стоби започнал да се гради кон крајот на 1 век од н.е., но бил целосно завршен во првата половина на 2 век од н.е. Поради дијаметарот од близу 90 метри, капацитетот за 7.600 гледачи и високиот степен на зачуваност, објектот се вбројува во редот на најзначајните и секако, најграндиозните споменици на римската архитектура на територијата на некогашната провинција Македонија.

 Проектот за конзервација на театарот беше финансиран преку Годишната програма за остварување на националниот интерес во културата на Министерството за култура.

 

Испрати коментар

Scroll To Top