Заврши реставрацијата и конзервацијата на познатата Исхакија џамија во Битола, изградена во 16 век, споменик на културата од османлискиот период. Проектот го реализираше Турската агенција за соработка и развој Тика, во соработка со стручни лица и експерти од Република Македонија, а обновата беше реализирана од специјализирана фирма од Турција.
На свеченоста која беше одржана по повод пуштањето во употреба на познатата Исхакија џамија, вчера во Битола, присуствуваше и државниот секретар во Министерството за култура Бехиџудин Шехапи.
Тој во името на Министерството за култура односно Национален конзерваторски центар – Скопје во 2010-та потпиша протокол за меѓународна соработка со Тика, со кој се предвидуваше реставрација и конзервација на овој значаен споменик на културата во Битола.