Насловна / Вести / Рестартирање на првиот нуклеарен реактор во Јапонија по катастрофата

Рестартирање на првиот нуклеарен реактор во Јапонија по катастрофата

aerial
Во Јапонија  беше рестартиран првиот нуклеарен реактор, по повеќе од четири години од трагедијата од 2011 година во Фукушима, која доведе до стопирање на работата на сите нуклеарни централи во земјата од септември 2013 година. Реакторот 1 на централата Сендај, на 1.100 километри југозападно од Токио, во префектурата Кагошима, беше рестартиран вчера во 10:30 часот по локално време (1:30 според Гринич), изјави портпаролот на компанијата „Кјушу Електрик Пауер“ (КЕПКО).

„Сакам рестартирањето да биде извршено при целосно гарантирање на безбедноста, која треба да биде приоритет“, изјави јапонскиот премиер Шинѕо Абе.

Одлуката на официјално Токио да продолжи со нуклеарната програма по пауза од 4 години, наиде на отпор во јавноста. Интересно е дека меѓу  200-те демонстранти, кои пристигнаа од различни делови на Јапонија за да организираат протестна акција пред централата беше и поранешниот премиер Наото Кан. Токму во неговиот мандат се случи катастрофата во Фукушима по што тој стана еден од најгласните противници на нуклеарките.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top