Насловна / Вести / Решенија за загадениот воздух во различни светски градови

Решенија за загадениот воздух во различни светски градови

Загадувањето на воздухот претставува сериозен глобален проблем. Светската здравствена организација проценила дека загадувањето е одговорно за над 5,5 милиони смртни случаи годишно. Исто така, се смета дека тоа претставува поголема опасност од ХИВ и маларија заедно. Новите истражувања покажуваат дека загадениот воздух предизвикува не само кардиоваскуларни и респираторни тегоби, туку се доведува во врска и со оштетувања на мозокот, мала тежина на новороденчињата и зголемен ризик за заболувања од рак. Научниците и донесувачите на одлуки, се мачат во потрагата по начини за справување со овој проблем, а некои предлагаат и прилично радикални решенија. Британски Guardian направи еден преглед на состојбите, кои ви го презентираме во продолжение.

Англија

Кога било утврдено дека нивоата на азотни оксиди во Лондон се највисоки во Европа, англиската влада била под голем притисок да стори нешто за подобрување на квалитетот на воздухот. Пред речиси 10 години, во Лондон е донесен закон кој во одредени делови од градот забранува користење на возила кои се категоризирани како тешки загадувачи, но овие мерки очигледно не се доволни. Секоја година околу 10.000 жители на Лондон умираат поради последиците од загадениот воздух. Се разбира во Лондон се воведени голем број електрични и хибридни автобуси. Сепак, овие мерки направиле недоволен исчекор во подобрување на квалитетотна воздугот, па јавноста бара многу повеќе.

London-electric-bus

London General EB1

Кина

Колку и да е сериозна ситуацјијата во Лондон, сепак таа е „детска игра“ во однос на многу други светски градови. Еден од поеклатантните примери е Пекинг. Генерално, Кина е рангирана како земја со најголем број смртни случаи предизвикана од загадениот воздух. Одговорот на кинеската влада бил драстичен, односно вложување во обновливи извори на енергија, како и рдуцирање на работата на индустриските капацитети на јаглен. Исто така, најавено е ограничување на порастот на популацијата во Пекинг и Шангај. Во план е до 2020 година, популацијата на Пекинг да се одржи на 23 милиони, додека во Шангај би живееле не повеќе од 25 милиони до 2035 година. За волја на вистината, ваквата стратегија е критикувана од страна на социолозите кои сметаат дека најголеми последици ќе претрпат посиромашните слоеви, кои со текот на времето ќе бидат приморани на иселување од овие градови.

beijing-smog

Не толку контроверзен предлог, пристигнал од италијанскиот архитект Стефано Боери, кој планира со загадувањето да се бори на тој начин што ќе ги прекрие зградите со „зелени“ фасади односно со билки. Тие би го апсорбирале јаглерод диоскидот и цврстите честички од воздухот и така би го подобриле неговиот квалитет. Во моментот се работи на прототип за ваков облакодер во градот Нанџинг. Неодамна пак, во градот Ксиан е изградена голема кула за прочистување на воздухот, но сеуште нема доволно податоци за начинот на неговото функционирање и ефектите по квалитетот на воздухот, па многумина сеуште задржуваат одредена доза на скептицизам.

SMOG-EATING-LEAD

Индија

Во 2016 година, научникот од Технолошкиот Институт Масачустетс (МИТ), Моше Алмаро, предложил авионските мотори да се користат против загадувањето, така што загадениот воздух едноставно би се издувал во погорните слоеви од атмосферата. Оваа идеја, останала само на хартија и никогаш не е реализирана. Во Њу Делхи, мината година, исто така е претставен сличен проект, кога градските власти тестираат топ против смогот. Преку исфрлање на вода разбиена во ситни капки, „се перат“  ситните честички од воздухот. Овој проект е оценет како неодржлив и несериозен. Некои други решенија, вклучуваат автобуски станици опремени со филтри за прочистување на воздухот, како и филтри вградени кај автомобилите. Општата критика за ваквите решенија е дека не се занимаваат со причината за проблемот, туку само ги ублажуваат последиците.

Delhi_Fog-PTI

maxresdefault (1)

Иако проблемите со загадувањето на воздухот не можат да се решат преку ноќ, сепак е потребно, покрај основните стратегии, да се употреби и иновативност.

Испрати коментар

Scroll To Top