Насловна / Архитектура / Реплика на Земјата во размер 1:500.000

Реплика на Земјата во размер 1:500.000

„Burning Man“ е годишен настан во западниот дел на САД во Black Rock City – привремен град, подигнат во пустината Black Rock, Невада. „Burning Man“ е мрежа на луѓе инспирирани од вредностите што се рефлектираат во десетте принципи: „радикално” вклучување, самоувереност и самоизразување, како и заедничка соработка, граѓанска одговорност, подарување, декодификација , учество, непосредност и не оставање трага.
„Burning Man“ фестивалот за прв пат е одржан пред 32 години во 1986. Оттогаш се одржува секоја година од последната недела во август до првиот понеделник во септември. Визијата на „Burning Man” е да придонесе за почитувачки и радосни искуства кои го подигнуваат човечкиот дух, решаваат социјални проблеми и инспирираат чувство на култура, заедница и личен ангажман.

4
За овогодинешниот „Burning Man“ на тема „Јас, робот“ кој ќе се одржи од 26 август до 3 септември, триесеттонска топка ORB ќе биде една од главните атракции. Покрај главниот храм Galaxia ќе се постави објект ORB, а дизајнот го потпишуваат BIG Ideal, чии основачи се Jakob Lange и директорот на архитектонското биро BIG, Bjarke Ingels. ORB е всушност намалена реплика на Земјата во размер 1:500.000 направена од челик.
Според зборовите на дизајнерите Рефлектирачката свера „седи на осовината уметност и корисност, опфаќајки го целиот Black Rock City во форма на привремен споменик кој го рефлектира искуството на посетителите на фестивалот“ пишува ArchDaily.

1
ORB е осмислен како симбол на оддавање почит на Мајката природа, дизајниран на таков начин што благодарение на својата рефлектирачка површина може во текот на ноќта во потполност да се стопи со опкружувањето.

5
„ORB е огледало на сите љубители на природата кое ја рефчектира дневната минливост, одвивањето на животот и останати уметнички работи околу него. Ова е нова планета за љубителите на СФ, репер за сите посетители на фестивалот или едноставно голема диско топка за сите оние кои сакаат добра забава“, вели Jakob Lange. Благодарение на својот дијаметар од 25 метри, оваа инсталација ќе се гледа од секој агол.

2
За реализација на проектот ORB неопходни се 30 тони челик и 1.500 часови работа, но и 50.000 долари кои треба да се соберат во наредните два месеца.

3

Испрати коментар

Scroll To Top