Реплика на сараевскиот „Себиљ“, еден од централните симболи на градот, поставена е во еден од најголемите градови во Кина – Тианџин. Репликата е поставена во склоп на меѓународната соработка на двата града и сведочи за пријателската и културолошка нивна врска која трае подолго од четири децении.
Во светот постојат неколку реплики на овој сараевски симбол. „Себиљ“ може да се најде и во Белград, подарок од град Сараево од 1989 година. потоа во Сент Луис во САД, подигнат од дијаспората на БиХ, во Нови Пазар и во Бурса.