Преку Airbnb сервисотможе да се изнајмат навистина необични места за престој, а репликата на лунарниот модул на вселенскиот брод „Аполо 11“ изгледа идентично како онаа од 1969 година која ги одведе луѓето на Месечината. Оние кои ќе одлучат да минат ноќ во ваков амбиент ќе уживаат и во извонреден крајолик и во поглед на ѕвездено небо.
Сопственикот на оваа реплика вели дека му биле потребни шест месеци за да се направи и истакнува дека водел сметка за сите детали. Репликата не е со иста величина, но нејзиниот изглед е импресивен и од внатре и од надвор. Во неа може да се сместат две возрасни лица.