Лоциранo во внатрешноста на поранешна њујоршка фабрика, SABO projects комплетно го реновираат брунклинското поткровје кое оригинално е изградено во 1913 година. После станбената адаптација во 1980 година, бетонските столбови и таваниците на објектот се скриени, со што драматично се проширува просторот и се обновува високата линија на оригиналната структура на кровот.
Под таванот се дефинира нова хоризонтала од линијата на сериите вметнувања: кабинети, ормани, стаклени кутии и ново ниво на меѓукат. Вертикалната комбинација на нетранспарентни и транспарентни елементи управува со приватноста обезбедувајќи дневна светлина во секоја област на дизајнот.
Сјајните бели панели се во контраст со изложениот бетон, со колекција од дрвени контејнери кои се протегаат од кујната до спалната соба, интегрираните скали, ѕидот со полици и домашната канцеларија.
Бањата е дизајнирана со керамички плочки со дијамантска форма, кои ги одредуваат сите димензии во внатрешноста. Девет нијанси на три различни бои се искомбинирани за да создадат храбри графички шари и преливи кои го обвиткуваат просторот.