Грчкото студио Kapsimalis Architects го потпишува проектот за реновирање на вила во Санторини, која освен комплетната измена на ентериерот, подразбира и некои конструктивни зафати како доградби на две тераси со базен и реконструиран подрум во кој е додаден базен.
Базенот е изграден во подот, а просторијата е осветлена со карактеристичната тиркизна боја. Благодарејќи на ниското засводување на кровот, се добива впечаток како да се наоѓате и пливате во пештера.
Самиот изглед на ентериерот и екстериерот не отскокнува од традиционалниот грчки стил. Бели фасади, бели ѕидови, понекој рустичен детаљ и неизбежната сина тиркизна боја.