Насловна / Вести / Реновирање на градинката „Пролет“ во Козле

Реновирање на градинката „Пролет“ во Козле

gradinki

Со околу еден милион денари средства на Министерството за труд и социјална политика се реновира градинката  „Пролет“ во населбата Козле, општина Карпош. Објектот е стар педесетина години и ова е првпат тој да биде реновиран, пренесе МИА.

– Целосно ќе бидат променети прозорците и во оваа фаза ќе биде реновиран и паркетот. Во втора фаза планираме и реновирање и поставување нова фасада со што овој објект, кој што е стар повеќе од 50 години, ќе добие многу подобри услови за згрижување на децата од предучилишна возраст, рече министерот за труд и социјална политика кој денеска изврши увид во активностите за реновирање на објектот.

Додаде дека МТСП изминатиот период има преземено низа активности за зголемување на бројот на детските градинки во Македонија. Само годинава досега, рече, се отворени пет детски градинки, а до крајот на годината планираме да бидат отворени уште седум.

Директорката на градинката „Пролет“ Вита Јаковлевска информира дека во педесетгодишното постоење на градинката таа првпат се реновира. Информира дека во три објекти на градинката годинава се запишани 702 деца.

Испрати коментар

Scroll To Top