Насловна / Вести / Реновирана спортската сала во училиште во село Драчево

Реновирана спортската сала во училиште во село Драчево

Општина Кисела Вода инвестираше во целосна обнова на училишната сала во од ООУ „Св. Климент Охридски“, со што основците од ова училиште добија подобрени услови за часовите по физичко воспитување.

насловна

Подот е темелно реконструиран, поставен е нов буков паркет врз порамнителен слој, а потоа е извршено лакирање и обележување на спортскиот терен. По нивното израмнување, е извршено молерисување на ѕидовите во фискултурната сала и гардеробите. Изработен е и парапет со мрсна боја во висина од 210 сантиметри во фискултурна сала и 155 сантиметри во гардеробите. Заменети се оштетениот дел од плафонот како и оштетените стакла на дел од прозорците. Потоа, радијаторите се сервисирани со чистење и замена на вентилите.

20190121_111714

Ова не се единствените градежни инвестиции на локалната самоуправа во насока на подобрување на условите во спортските училишни сали на територија на Општина Кисела Вода. Претходно, нов подобрен лик и поголема функционалност доби и салата во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, додека во завршна фаза е изградбата на спортска сала во ООУ „Рајко Жизифов-симбол на кинеско-македонскотo пријателство“ во населбата Драчево која се гради преку соработката со Амбасадата на Народна Република Кина.  Општина Кисела Вода и натаму ќе ја следи состојбата во сите училишта и ќе работи на обезбедување на квалитетна работна средина за сите ученици.

kliment 4

Испрати коментар

Scroll To Top