Насловна / Вести / Реновирана куќа во Норвешка со ентериер во смела палета на бои

Реновирана куќа во Норвешка со ентериер во смела палета на бои

Оваа реновирана куќа во Осло, Норвешка, проектирана од локалното биро Familien Kvistad се одликува со плочки и текстил во живописни бои.

Жолтата куќа во градина на јаболка е куќа од 1950-тите години во областа Voldsløkka во Осло, дом на четиричлено семејство и нивната мачка.

4

Основачите на Familien Kvistad, брачната двојка Astrid и Ziemowit Kvistad, целосно го реконструирале ентериерот користејќи палета која вклучува столарија од масивен јасен и прошарани терацо површини.

1

„Кога ја купиле куќата, семејството замислило да наслика некои ѕидови, да ја прмести кујната и да изгради две нови бањи“, велат архитектите за Dezeen. „Со текот на времето, работите ескалираа, што резултираше со целосна промена на распоредот, кровните прозорцит, нова изолација, се е заменето“.

6

Куќата на три нивоа има убав амбиент во голема градина исполнета со овошни дрвја. Тоа е она што првенствено ги привлекло сопствениците, а не објектот.

Меѓутоа, набргу откако го купиле имотот, општината наметнала нови ограничувања на зачуваните зони што оневозможувале на било кој начин да се промени надворешноста на објектот.

01 (1)

Задачата на архитектите била да ја модернизираат куќата без да ја менуваат или прошират.

„Ова е скап проект; ќе беше поевтино да се изгради нова куќа“, велат од бирото: „Сепак, надворешната структура мораше да остане“.

Со реновирањето се отстранети многу од старите внатрешни прегради, со што е создаден поотворен распоред. Ова му дава на приземјето чувство на скршен план, составен од различни посебни, но поврзани простори за живеење и јадење.

3

Старото поткровје исто така е отстрането и заменетo со мали полукатови, откривајќи ги закосените греди на кровот и зголемувањето на висината на таванот во спалните соби и бањата на првиот кат до четири метри.

Шемата на бои е заснована на „земјени нијанси“ на омилените бои на сопствениците.

На приземјето, ова резултирало со камин обложен со сенф-жолти плочки, софа во дневната соба тапацирана со текстил во боја на слива и клупа за одлагање на чиј врв се шумско-зелени перничиња.

2

Изобилството на дрво внесува рамнотежа во оваа смела палета, со под од ела и кујнски елементи од јасен што одговараат на изложените тавански греди.

Ова ниво, исто така, вклучува и зимска градина со големи растенија, терацо под, софа во окер тонови и електрично-сини перничиња. На ѕидот, експресивна слика прикажува слични бои.

5

7

На катот, главната спална соба на ѕидот има таписерии кои прикажуваат апстрактни пејзажи.

Едната од двете детски соби располага со разиграна единица за складирање која служи како скали, додека другата има скали за да се обезбеди пристап до меѓукатната мансарда горе.

8

Бањата има помек карактер, комбинирајќи терацо санитарна опрема со смирувачки зелени тонови. Подрумот главно служи како помошен простор, иако вклучува дополнителна бања и дневна соба која служи и како спална соба за гости.

9

Испрати коментар

Scroll To Top