
По двомесечното реновирање кое чинело над 3 милиони долари, Белата куќа, службената резиденција на претседателот на САД го доби својот нов изглед.

Знак за добредојде е поставен на влезот во западното крило чии делови се исто така реновирани.

Овалната канцеларија има нови тапети кои ги избрал лично Доналд Трамп, а на таванот над лустерот поставен е кип на орел.

Орлите во златна боја доминират како украси низ целиот објект.

Во Рузвелтовата соба поставен е портрет на Франклин Рузвелт.

Од Белата куќа особено го истакнуваат фактот дека целиот мебел е произведн во САД.

Реновирањето на системите за греење, климатизација и IT во Белата куќа е иницирано уште во времето на Барак Обама.








