Иако простори на отворено се непроценливи, кога времето е лошо или кога е премногу топло за да се остане надвор, подрумот исполнет со интересни ситници е спас. Еден дом во Њујорк неодамна добил симпатична реконструкција, по што неговиот подрум станал најсветлата точка во целата приказна.
Њујоршкото биро Eisner Design го претвори семејниот подрум во минијатурен тематски парк за деца, со посебен дел наменет за возрасни во кој има вински бар. Овој подрум сега е совршена летна опција за целото семејство, каде што на секој член може да му понуди мнштво интересни работи за разонода. Од ѕид за качување, преку полигон, сè до висечки лежалки и згодни клупи за седење по ќошињата.
Комплетниот простор е обезбеден со перници од подот до плафонот, така што децата имаат можност да уживаат во безбедна игра. Најинтересен детал во просторот е секако импресивната полица за книги, која има две креативни седишта, кои едноставно ги покануваат сите што ќе ги видат да изберат книга и удобно се сместат на нив. Пред полицата има игралиште со перници со модуларни елементи кои можат да се распоредат по желба.
Покрај разнобојните седишта за одмор и читање, минималистичката бела боја е онаа која го дефинира просторот. Деталите што се истакнуваат во ентериерот се стеблото на дрвото, кое заедно со висечките лежалки и челичните скали, прават авантурите во овој подрум да траат без престан.
Ѕидот за качување сместен е над базенот со коцки од сунѓер кои ги ублажуваат можните падови. Столен фудбал и кош се исто така дел од оваа приказна, како и помала спортска сала со соодветна опрема за вежбање.
Совршено искористен простор за да се создаде место за детска игра и уживање на возрасните.