Насловна / Вести / Реновиран Центарот за дијабетес во Скопје

Реновиран Центарот за дијабетес во Скопје

centar za dijabet_1
Министерот за здравство Никола Тодоров денеска го посети реновираниот објект на центарот за дијабетес, при Клиниката за ендокрионологија, чии амбуланти претходно беа сместени во два објекта.
Комплетно се сменети подовите, кровот, фасадата, тоалетите се реконстуирани, направени се шалтери, а променета е и целата инсталација.
„Добивме еден многу функционален објект, кој неколку дена успешно функционира. Ова е добро за персоналот бидејќи сите се на едно место, но и за пациентите да нема нивно шетање од една во друга зграда за различни услуги, а и да нема забуни во која зграда треба одат. Очекувам дека со преселувањето во овие нови и добро оспособени простории уште повеќе ќе се унапреди работата на центарот за дијабетес“, изјави Тодоров по посетата.centar za dijabet_2
Тој најави дека од идната година на Клиниката за ендокрионологија треба да се воведе нова метода, тенкоиглена биопсија на тироидна и паратироидна жлезда. „Со ова повеќе ќе се подигне нивото на квалитетно здравствените услуги“, нагласи Тодоров.
Објектот во кој е сместен центарот за дијабетес почна да се реконструира пред пет месеци, за што се инвестирани околу два и пол милиони денари.

Испрати коментар

Scroll To Top