По 500 години од изградбата на куполата на Санта Марија дел Фиоре во Фиренца, која е дело на познатиот Филип Брунелеск, и натаму останува најголемата масивна структура од овој вид. Сепак, методите за изградба на куполата сè уште се мистерија, бидејќи нема планови, па дури и скици кои сведочат за тоа како точно се градела оваа структура и како се потпира. Единствената индикација за принципите на изградба што ги оставил пионерот на новата ренесансна архитектура во Италија е модел од дрво и тули.
Сепак, моделот не е доволно да се открие конструктивниот дел од куполата кој е неопходен за да се изврши неговото реновирање и да се спречи најстрашното. Како што пишува ArsTecnica, на куполата се појавиле големи пукнатини, кои, доколку продолжат да се шират, се закануваат да предизвикаат пад на целата структура. За овој проблем помош пристигнала од научната фела. Филипо Брунелески има дизајнирано купола на катедралата Санта Марија дел Фиоре во почетокот на 15 век и била изградена од надвор кон внатре од тули кои се ставаат во форма на риба коските, без користење на скеле. Се претпоставува дека при изградбата на куполата Брунелески користел засилување во форма на железни прачки. Извештајот на Elene Guardinćeri, физичар во Лос Аламос лаборатории, пишува за тоа како да се користат субатомски честички преку процесот познат како Мионско скенирање и преку тоа да се дојде до сознание за каков систем за засилување станува збор и како ќе се реши мистеријата за статиката на куполата.
Процесот е сличен како и кај ренгенското снимање со тоа што Мионското скенирање користи и гас.Како мионите, негативно наелектризираните субатомски честички, се судираат со гасни честички, научниците можат да ги следат енергетските честички и нивната траекторија. Овој принцип исто така се користел при испитувањето на скриени комори во Големата пирамида во Гиза.