Петтото издание на меѓународниот саем за енергетика, води и животна средина RENEXPO BiH ќе се одржи на 24ти и 25т октомври 2018 во Сараево. Инвестициската рамка и можностите за обновлива енергија и инфраструктура за управување со водите ќе биде претставена во т.н Инвестициска бизнис ложа преку алтуелни прашања – извори на финансирање, развојни проекти за енергетски изври и капацитети на преносната мрежа.
Организаторите најавуваат над 200 излагачи од повеќе од 20 земји, меѓу кои: CINK Hydro-Energy k.s., Hydroplan UK, Kawasaki Gas Turbine Europe GmbH, Urbas Maschinenfabrik Ges.m.b.H., Continental Industries S.A.S., Profiagrar , KPA Unicon, Regeneracija doo, Andritz Hydro GmbH, Indenna Dvigala, Turbiwatt, Kossler GmbH & Co KG, MKF Partner и други.