Некогашната московска фабрика на француската компанија Renault, до крајот на годината треба да започне со работа под името „Москвич“. Подготвителните работи за стартување ан производството течат по планот, а до крајот на 2022 година ќе бидат произведени околу 600 автомобили, од кои 200 на електричен погон. Во 2023 година, компанијата ќе произведува најмалку 50.000 автомобили, а во 2024 година 100.000, од кои 20% ќе бидат електрични.
Планирано е да се произведуваат пет модели под брендот „Москвич“: четири кросовери и еден седан. KAMAZ и управата на градот се договориле за паритетна распределба во капиталот на фабриката, односно вложувањето во износ од 5 милијарди рубљи. KAMAZ ќе делува како технолошки партнер на проектот. Определени се и насоки за креирање на руска единствена механичка платформа за возила, врз основа на која ќе се развива гамата на домашната автомобилска индустрија.