Renault најави дека ќе развива нови батерии од типот LFP (литиум – железо-сулфат) за своите идни електрични автомобили. Новите батерии ќе се развиваат во соработка со компаниите LG Energy Solution и CATL. Одговорен за проектот е Ampere, новиот оддел за електрични автомобли на Renault.
Истовремено, Renault ќе ја развива и технологијата Cell-to-Pack, која ќе овозможи поголема автономија на автомобилите со LFP батерии. Оваа технологија помага да се стават повеќе ќелии во батериите, како и да се намалат трошоците за производство. Renault има за цел да ги намали трошоците за батерии за околу 20%, почнувајќи од 2026 година. Новите LFP батерии ќе се произведуваат во фабриката на CATL во Унгарија, додека LFP ќелиите ќе ги произведува LG Energy Solution во Полска. Батериите ќе се склопуваат во Франција во фабриката Ampere ElectriCity.