Новата генерација на Twingo, ќе биде одговор на Renault на ефтините електрични автомобили од Кина. Станува збор за целосно електричен градски автомобил произведен во Европа по цена пониска од 20.000 евра. Производителот на автомобили во своето соопштение вели дека овој автомобил ќе биде достапен од 2026 година. Моделот ќе биде развие за помалку од две години, а неговата потрошувачка ќе биде за околу 50% пониска од конкуренцијата. Таквиот модел на Twingo и натаму ќе се произведува во фабриката во Ново Место во Словенија.
Некои стручњаци ја споредуваат новата генерација на Twingo со јапонските кеи автомобили, кои сочинуваат над една третина од пазарот во таа земја, па се истакнува дека Twingo е европскиот кеи автомобил.