Насловна / Вести / Renault инвестира во циркуларна економија и ја формираше компанијата The future is neutral

Renault инвестира во циркуларна економија и ја формираше компанијата The future is neutral

Renault го најави формирањето на новото претпријатие во целост посветено ан циркуларната економија: The Future Is NEUTRAL. Обедиунивајќи ја постоечката технолошка и индустриска стручност и капацитетите на францускиот автомобилски бренд, The Future Is NEUTRAL е првата компанија која ќе делува во целиот синџир на вредности на кружната економија во автомобилската индустрија и ќе биде во служба ан сите други производители на автомобили. Во контекст на енергетската транзиција и недостатокот од природни ресурси, The Future Is NEUTRAL ќе развие повеќе технолошки и индустриски решенија, така што ќе се зголеми употребата на рециклирани материјали во новите автомобили.  Денес тој удел кај новите автомобили е 20-30%.

neutral1

renault2

Секоја година повеќе од 11 милиони возила во Европа, произведени со околу 85% материјали кои можат да се рециклираат, го достигнуваат крајот на својот животен век. Но, тој ресурс е недоволно искористен: за производството на нови возила се употребуваат само 20-30% од рециклираните материјали од сите индустрии. Денес, материјалите кои може да се рециклираат од отпадните возила главно се користат во други индустрии (металургија, градежништво и сл.). Целта на компанијата The Future Is NEUTRAL е да ја зачува вредноста на деловите и материјалите што подолго и да и овозможат на индустријата значително да го зголеми уделот на рециклирани материјали во новите возила. При извршувањето на деловните активности, The Future Is NEUTRAL се потпира на широк спектар на технички вештини, од напредно инженерство и знаења од хмијата до користењето на податоци. The Future Is NEUTRAL на автомобилската индустрија и пружа и советодавни услуги, а со поддршка на кампусот Circular Mobility Industry во Финс, кој е во состав на ReKnow University, организира и стручно оспособување за циркуларна економија.

neutral3

Испрати коментар

Scroll To Top