Познатата фабрика на Renault во Клеон, ја обликува автомобислката индустрија уште откако е пуштена во работа во 1958 година. Освен тоа, неодамна ја надмина бројката од 100 милиони произведени мотори и менувачи, и така оствари импресивна цел. Оваа фабрика е на глас како иновативна и стручна а истите епитети се припишуваат и на низата мотори кои овде се произведени уште од 1958 година.
Еден од најпознатите производи е единствениот Cléon fonte, познат и како мотор тип C, кој дури и три децении после неговото претставување на „Салонот на автомобили“ во Женева во 1962, и натаму означувал важно технолошко постигнување. Вградуван е во бројни модели на Renault, вклучувајќи ги Alpine A110, Renault 5, Super 5, Renault 8, Renault 12 и Renault 18.