Насловна / Вести / “Renault” го произведе 100.000-тото електрично возилo

“Renault” го произведе 100.000-тото електрично возилo

reno-elektricno-vozilo

Компанијата “Renault” во норвешката престолнина, Осло, го испорача јубилејното електрично возило од нивните погони, а тоа е моделот ZOE. На пазарот на електрични автомобили во Европа, оваа компанија има удел од респектибилни 27%. Пет години по лансирањето на првото електрично возило, “Renault” со пригодна свеченост го одбележа 100.000-тото возило. Сопственик е 41 годишниот Норвежанец Åsmund Gillebo, кому му е доделена награда од пет години и 100.000 минути бесплатно полнење од страна на локалните снабдувачи со електрична енергија.

reno-nisan“Renault” има најширока гама на електрични автомобили на пазарот за различните потреби на купувачитe: градскиот модел ZOE, комерцијалнто возило Kangoo ZE, компактниот урбан двосед Twizy, како и неговата товарна верзија Twizy Cargo.

Моделот  ZOE е најпродаваниот електричен автомобил во Европа.

Испрати коментар

Scroll To Top