Францускиот производител на возила Renault најави дека ќе вложи над милијарда евра во проширување на капацитетите за производство на електрчни автомобили во Франција. Погонот за производство на моделот Zoe во градот Флeнс, западно од Париз, ќе го удвои својот максимален капацитет. Фабриката во Дуај на северот на земјата ќе биде опремена за производство на електрични возила базирани на новата архитектура, во партнерство со компанијата Нисан. Во исто време, фабриката во Клеон, тројно ќе го зголеми својот капацитет за производство на електрични мотори.