Жирито за избор на European Car of The Year 2025, го избра електричниот Renault 5, односно неговата спортска верзија Alpine A290, за најдобар автомобил на годината на Стариот континент. Со оваа награда Renault 5 го презеде лидерството од моделот Scenic, кој беше победник за 2024 година. Ова е втор пат во 62 годишната историја на изборот Car Of The Year, еден ист бренд да биде првонаграден две години по ред. Претходно, во 1995 и 1996 година, наградени биле Fiat Punto и Fiat Bravo.

Победникот е избран од страна на жири составено од 60 членови, односно автомобилски новинари од водечките европски медиуми. Резултатите од рангирањето изгледаат вака:
- Renault 5 – 353 бодови
- Kia EV3 – 291 бод
- CItroen C3-eC3 – 215 бодови
- Hyundai Inster – 172 бода
- Dacia Duster – 168 бодови
- Cupra Terramar – 165 бодови
- Alfa Romeo Junior – 136 бодови.
Продажбата на електричниот Renault 5 E-Tech, почнува нешто подоцна оваа година. Основната цена на електричниот хечбек ќе изнесува 25.000 евра, а ќе се произведува во фабриката на овој бренд во Франција.