Архитектонското биро „Бестор Архитектура“ од Лос Анџелес, Калифорнија, САД, под водство од американската архитектка Барбара Бестор, во својата програма поставиле теза по која се водат и по која ја создаваат архитектурата за своите клиенти. Тезата гласи „секој би требало да ја доживее убавината, секој ден“.
Токму водени од оваа теза, тие создале едно извонредно ремек-дело на модерната архитектура во Лос Анџелес, Калифорнија. Оваа куќа, тие ја опишуваат како дело во кое многу се внимавало на деталите, велејќи дека „Бог е во деталите“, алудирајќи на прекрасните детали со кои е обликувана куќата.
Сместена на една висорамнина, од двете страни се гледаат падините на планината, со што се пружаат одлични погледи кон природните пејзажи.
Исто така, базенот и целото уредување во дворот им овозможуваат на корисниците беспрекорен мир и благосостојба во рамките на овој дом.
Внатрешноста на овој дом е изведена од природни материјали кои ги има во изобилство, па така каменот, дрвото и растенијата се главен акцент тука.
Оваа куќа како да живее во кохезија со природата, а за тоа придонесуваат и големите прозорски отвори кои се целосно застаклени (невидливи), што ни дава чувство на нејасна граница помеѓу просторот внатре и надвор.