Насловна / Архитектура / Ремек-дело на архитектурата во Јужна Африка

Ремек-дело на архитектурата во Јужна Африка

Како дело на брилијантните архитекти од студиото SAOTA Architecture and Design од Кејптаун, овој спектакуларен дом во Јужна Африка може слободно да се нарече ултимативна вила за ергени.

Насловена St. Leon 10 Residence, оваа вила е сместена во преубавиот залив Bantry Bay, и претставува комбинација на современ дизајн со неверојатните погодности на просторот и фантастичниот поглед на океанот.vila za ergeni vo kejptaun

Infiniti базен веднаш до „потонатата“ дневна соба, нуди исклучителен простор за дружење со пријателите или за едноставно уживање во животот.vila za ergeni vo kejptaun (2)

Сите соби се дизајнирани да гледаат кон океанот, но сме сигурни дека сопственикот и неговите гости ќе уживаат во погледот на Апостолска планина, плажата Клифтон и островот Робен.vila za ergeni vo kejptaun (4)

Задниот дел од куќата, како свој фокус ја има приватноста, затоа што нема ниеден отвор освен глазираниот двоен волумен. Дрвените паравани во челичните рамки лесно ќе ги одбијат сите љубопитните погледи, додека пристап од улица е возможен само низ тешката дрвена порта.vila za ergeni vo kejptaun (5)

Главното крило на вилата има две ложи, елегантна трпезарија и целосно опремена кујна, додека на приземјето, во непосредна близина на базенот и дневната соба се наоѓа соба за забава со бар од оникс, кој има специфично осветлување и мала винарска визба.vila za ergeni vo kejptaun (14) vila za ergeni vo kejptaun (13) vila za ergeni vo kejptaun (12)

Фитнес салата и другите соби за гости, исто така, се наоѓаат на ова ниво, додека скулптуралните скали водат до вториот кат и спалните соби.vila za ergeni vo kejptaun (11) vila za ergeni vo kejptaun (10) vila za ergeni vo kejptaun (9) vila za ergeni vo kejptaun (8) vila za ergeni vo kejptaun (7) vila za ergeni vo kejptaun (6) vila za ergeni vo kejptaun (5) vila za ergeni vo kejptaun (3)

Испрати коментар

Scroll To Top