Дефинирањето на столбот на фонтаната на плоштад ВМРО ќе претставува комбинација од најклучните моменти и настани од историјата на Внатрешната македонска револуционерна организација. На врвот на столбот може да се постави декоративен елемент – фигура. За ова обележје Градот ќе потроши речиси 1,4 милиони евра
На плоштадот ВМРО пред новоизградената зграда на владејачката партија на улица „Македонија“ ќе се подигне спомен-обележјето фонтана на плоштад ВМРО која ќе биде релјефно обликувано со настани, личности и симболи од историјата на Македонија.
Предлог-одлуката на Град Скопје за поставување на спомен-обележјето на усвојување пред градските советници ќе се најде на идната седница закажана за вторник.
Дефинирањето на столбот на фонтаната на плоштад ВМРО ќе претставува комбинација од најклучните моменти и настани од историјата на Внатрешната македонска револуционерна организација. Со историска веродостојност и естетски презентираниот израз композиција на фонтаната-столб треба да остава впечаток кај секој посетител на плоштадот, се вели во образложението на Град Скопје. На врвот на столбот може да се постави декоративен елемент фигура.
Потребата за подигање, чување, одржување, заштита и користење на спомен -обележјето е заради одбележување и оддавање почит како трајно ликовно одбележување за времето на македонското револуционерно движење, се вели во предлог-одлуката на Градот.
Спомен-обележјето е релјефно дело изработено во мермер. Во рок од 12 месеци од денот на влегување во сила на одлуката најдоцна се планира да се постави спомен-обележјето.
Пoставувањето на фонтаната е дефинирано во ДУП Централно подрачје на Град Скопје – Мал Ринг, донесен во Општина Центар на 21.12. 2012 година. За спроведување на постапката за подигање на фонтаната на плоштад ВМРО се грижи Одбор за подигање на спомен-обележје составено од претседател и два члена.