Овој стан е помалку несекојдневен поради акцентот на темните тонови во него. Тој е дело на португалскиот дизајнер на ентериери Жан Регуер и истиот се наоѓа во Лисабон. Ваквиот акцент на темните тонови е разбиен со употреба и на неколку посветли елементи кои истовремено го „отвораат“ овој простор.
Важно е да се напомене дека храброста на овој архитект да употребува токму вакви темни тонови, доаѓа од ефектот кој се добива со нивната употреба, а тоа е, добивање на простор кој е целосно релаксирачки и пријатен за престој во него.
Овој простор освен за живеење е наменет и за работа, па така во него освен стандардните простори и функции се наоѓаат и работните површини и пропратни елементи.
Како дополнување на овој благопријатен амбиент придонесуваат и природните материјали како што се кожата, текстилот, дрвото, стаклото и слично.