Вредноста на металите во отпадот во 2016 година се проценува на 55 милијарди евра. Меѓу нив има и злато, бакар и платина.Во изминатите две години, забележени се рекордни количини на електронски отпад ширум светот. На отпад завршиле 45 милиони тони телевизори, мобилни телефони и други уреди, се вели во Извештајот на ОН. Зголемувањето на приходите, како и падот на цените на електронските уреди, допринесуваат за порастот на е-отпадот Од вкупниот електронски отпад во 2016 година, само 8,9 милиони тони се рециклирани. Најголемиот дел од овој отпад завршил на депониите. Се проценува дека количината на е-отпадот до 2021 година ќе достигне 52,2 милиони тони.