Насловна / Арт и дизајн / Рекордни 142,4 милиони долари за дело на Бејкон

Рекордни 142,4 милиони долари за дело на Бејкон

Three Studies of Lucian FreudДелото на британскиот уметник Френсис Бејкон на коешто е насликан неговиот пријател и уметник Лусијан Фројд е продадено за 142,4 милиони долари, што е највисокиот износ до сега добиен на аукција за едно уметничко дело. najskpa slika na frensis bejkonСе работи за сликарски триптих со наслов „Три студии за Лусијан Фројд“, реализирано во 1969 година. Пред да биде изнесено на аукцијата, ова дело било проценето на 85 милиони долари. Ова дело никогаш не било понудено на аукционерските куќи. Инаку, до сега за најскапа слика важел славниот „Крик“ на норвешкиот сликар Едвард Мунк, којшто минатата година на аукција во „Сотеби“ достигна вредност од 119,9 милиони долари.

Испрати коментар

Scroll To Top