Прашумите во Амазонија во последните неколку месеци минува низ најголемата досега забележана суша, што довело до изолација на многу села кои се отсечени од светот. Чести се и шумските пожари, што доведува до тоа најголемата шума на светот да биде до точка без враќање.
Недостатокот на врнежи во Амазонија довел и до затворање на хидроелектраната „Санто Антонио“ на реката Мадеира. Како резултат на тоа исклучен е и далеководот помеѓу северот на Бразил и густо населените јужни региони. Додека некои вината ја гледаат во феноменот „Ел Нињо, климатологот Карлос Нобре, водечки бразилски научник и член на Кралското друштво на Велика Британија, причините ги гледа во „веројатно влошената климатска криза“. “Некогаш ретките амазонски суши сега стануваат се почести, ја забрзуваат загубата на самите шуми и го туркаат регионот до точка од која нема враќање во смисла на деградација и дезертификација“, објаснува тој.
Научниците прогнозираат дека јаките суши во Амазон и другите екстремни временски настани, како рекордните поплави во 2021 година, веројатно ќе се интензивираат со растот на глобалните температури.