Продажбата на автомобилите „лада“ во Русија, се зголемила за 92,2% во првата половина од годинава во однос на истиот период лани. Имено, за шест месеци биле продадени 143.600 возила „Лада“, од кои само во јуни биле продадени 27.839. Тоа е за 272% повеќе отколку во истиот месец минатата година.
„Автоваз“ во првата половина од годината произвел 135.000 возила, што е исто така за 48,7 % повеќе од истиот период минатата година. Компанијата планира и натаму да го зголемува производството и продажбата, а овие очекувања се базираат првенствено на зголемувањето на производството на моделот „Лада Веста“ во различни модификации и повторно лансирање на „Лада Ларгус“ во септември, и тоа во патничка и во комерцијална верзија.