Со продадени 46 елитни еко домови во октомври, што е над два пати повеќе од продажбата во октомври минатата година, „Адора Инженеринг“ забележа најголема, рекордна месечна продажба на станови од постоењето на компанијата.
„Рекордната продажба на Адора Инженеринг на 1,5 стан дневно во октомври, се должи на реномето на компанија што нуди еко станови со докажана стабилност, висок квалитет и енергетска ефикасност, верификувано со првиот „енергетски пасош А-класа“ во Македонија. Придонес имаат и поволните услови за станбеното кредитирање, со прифатливи каматни стапки и само 15 % учество, а дел од становите се продадени и со субвенции од државата со проектот „Купи куќа, купи стан“, за што огромен интерес имаше на саемот во Скопје“, изјави Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на „Адора Инженеринг“.
„Адора Инженеринг“, заклучно со месец октомври годинава има продадено 270 енергетски ефикасни станови во Скопје и Охрид, што е значаен пораст во однос на истиот период минатата година.