Несекојдневниот изглед на Центарот Жорж Помпиду или Центар Бобур (Centre Georges Pompidou, Centre Beaubourg), ги шокираше парижаните во 1977 год. кога објектот бил завршен и отворен. Во духот на постмодернизмот и бруталистичката архитектура, со сите инсталации изведени долж фасадата и видливи однадвор, приемот на јавноста бил многу сличен и со крајно поделени мислења како што било и со Ајфеловата кула на крајот на 19 век.
Проектот избран на конкурсот за нов музеј и културен центар во историската област на Париз Le Marais во четвртиот арондисман, е дело на Renzo Piano & Richard Rogers. Во пресрет на својот 40 годишен роденден, овој објект ќе биде реконструиран во период од две години а инвестицијата ќе чини 110 милиони долари.
Проектот на реконструкцијата опфаќа ревитализација за зачувување на уникатната естетика на објектот вклучувајќи и темелна реконструкција на системот за климатизација, греење и вентилација, менување на познатиот ескалатор на самата фасада и сл. Според зборовите на претседателот на Центарот Serge Lasvignes, додека трае реконструкцијата Центарот нема да биде затворен за посетители ниту еден ден. „Тоа ќе биде еден вид конструкциска игра“ додадва тој.