Средствата за санација ги обезбеди Центарот за развој на североисточниот плански регион, кој аплицираше со проект до Бирото за рамномерен регионален развој и Министерството за локална самоуправа.
Проектот е одобрен и се одвоени 200.000 евра, а општина Куманово учествува со над 100.000 евра.
Објектот ќе има мултифункционална намена, ќе се користи за средби со делегации, концерти, изложби, граѓански здруженија, потребите на локалната самоуправа и други содржини.
Домот на занаетчиите е дело на рускиот архитект Владимир Антонов, изграден по иницијатива на занаетчиите, а пуштен во употреба 1930 година. Последен пат била изврешна реконструкција на галеријата во 1983 година.